Скромно и едноставно: Видете како Вељко и Богдана ја уредиле собата за најмалиот син
Вељко Ражнатовиќ ја покажа собата на најмладиот син
Вељко и Богдана Ражнатовиќ неодамна го добија својот трет син, а Жељко и Крстан – друштво за играње. Целото семејство беше исклучително среќно со појачувањето на кој родителите му дадоа необично и ретко име Исаија.
Како што претходно одлучи синот на Цеца Ражнатовиќ, нивната база останува Тител, питомо место во Војводина каде имаат се што им треба, а најмногу мир.
Подалеку од метежот и гужвата и се друго што доаѓа со голем град, совршен за воспитување деца.
- Да ја немав татковата куќа, никогаш немаше да се вратам во Белград - бил јасен успешниот боксер кој, многумина велат, прилично се променил откако се ожени и стана татко.
Иако бебето, со оглед на тоа што нема ни еден месец, се уште спие со родителите, Вељко Ражнатовиќ ја покажа собата која тој и неговата сопруга му ја уредија на малиот Исаија.
Во видеото може да се види дека на аголот доминира белата боја, симбол на чистотата, а воедно и најценета за компонирање со други тонови.
Во преден план е креветчето. Скромно и едноставно, со допир на луксуз што се гледа во тапацираниот потпирач за грб. Горе е рингишпилот со играчки.
Останатите парчиња мебел се исто така бели. Има и комода со удобен простор за менување на пелените на бебето.
Главната ѕвезда на видеото од спалната соба на Вељко не е малиот Исаија, туку неговиот најстар брат Жељко, кому очигледно многу му се допаѓа овој дел од куќата.
Има и капчиња со мотиви од неговите омилени суперхерои, кадифени играчки, детска гардероба во нежни светло сини нијанси.
ФОТО: Инстаграм