Сладок гест: На матурската забава заминала облечена во фустанот кој нејзината мајка го носела пред 20 години (ВИДЕО)
Одлично ѝ стои...
Луѓето се малку се изненадени од тоа што некој кој славел матура во 2002 година сега веќе има ќерка која оди на својата матура. Забораваме дека 2002 година била пред 20 години, а не пред 10, како што секогаш ни изгледа.
Еве една од оние убави причини зошто е добро да се чува фустанот од матура - еден ден твојата ќерка можеби ќе сака да го носи за својата матура. Една матурантка ги разнежни луѓето и сите ги освои со видеото во кое покажа дека таа на матурската забава го носела фустанот кој нејзината мајка го носела на својата матура пред 20 години. Ова е многу кул идеја, но за жал поголемиот дел од мајките, сепак не ја чуваат својата облека од матурската забава.
Мајката на оваа матурантка славела матура пред 20 години, а фустанот е прекрасен. Иако трендовите се менуваат, никогаш не би кажале дека овој фустан е од 2002 година. Со светки, долг, елегантен... На почетокот на видеото покажува фотографии од својата мајка додека се подготвувала за матурата, а потоа и од себе.
@uhohcarleigh Prom #prom #mothersday #fyp original sound - lina
Ова видео стана вирално и можеби ќе поттикне и други девојки за во плакарите на своите мајка да пронајдат фустан за матура.
фото: Принтскрин / ТикТок