Сладок и бесплатен гест за личностите кои ги сакаш: Направи им цвет од хартија (ВИДЕО)
Мал знак на внимание...
Од хартија може да се направат многу работи! Сепак, иако поголемиот дел од нив изгледа како да се едноставни за правење, бидејќи треба само да се превитка хартијата, сосема е можно од прва да не ти успее. Наместо да се откажеш, пробај уште неколку пати, бидејќи крајниот резултат е пресладок!
Не мора да биде некој посебен ден за да ја изненадиш личноста што ја сакаш со сладок гест или сладок подарок. Обично кога се зборува за гести и подароци, сите веднаш мислат дека за тоа ќе им требаат повеќе пари и се откажуваат. Епа, за овој гест нема да ти требаат пари, бидејќи сите работи сме сигурни дека ги имаш дома, а главното нешто што ти е потребно е хартија. Било каква - од тетратка, обични бели или листови од вестик или магазин.
Цветот од хартија е одлична идеја за подарок за Денот на вљубените или само си среќна, па сакаш со некој гест да ја развеселиш личноста со која си во врска. Постојат милион верзии за тоа како да направиш цвет од хартија, а ние ти ја претставуваме онаа која е виралнана ТикТок.
@yano4kaa.aaa im yours by isabel larosa sped up - official_IsabelLaRosa
Видеото треба да го погледнете неколку пати и секако да погрешите неколку пати, но не е неизводливо. Кога ќе ти биде здодевно, можеш да пробаш да направиш таков цвет. Девојката покажа како да го направите горниот дел од цветот, а стеблото и листот изгледаат прилично едноставно и без туторијал. За стеблото треба да ја замоташ хартијата и листот да го исече во обликот во кој сакаш. Ако ти е потребен малку подетален туторијал со повеќе упатства, на Јутјуб има едно видео кое прикажува како да направите ружа од хартија или од книга, како што користи девојката во видеото.
Сето тоа го снимила детално и би можело да ти биде полесно да го направиш по нејзино, ако ТикТок видеото ти е пребрзо и премногу нејасно. Кој туторијал и да го одбереш, ова е одлична идеја за подарок и нешто со што таа личност сигурно ќе го чува, бидејќи сме сигурни дека такво нешто уште не добила. Вреди да се потрудите!
фото: Принтскрин / ТикТок