Смртта му се „закануваше“ поради прекумерната тежина: Тогаш, одлучи дека сака да живее и ослабе 200 килограми

Смртта му се „закануваше“ поради прекумерната тежина: Тогаш, одлучи дека сака да живее и ослабе 200 килограми

Објавена во: Совети // Семејство

„Ми здодеа да постојам, но сега имам втора шанса и не сакам да ја изгубам. Изгубив премногу години поради дебелината и не сакам повеќе да ги губам“

На Американецот Сал Парадис имал големи проблеми со здравјето поради прекумерната тежина. Имал 317 килограми кога решил да сврти нова страница во животот, да ослабе и да се грижи за своето здравје.

Откако лекарите го предупредија дека дебелината може да го убие до 40-тата година од животот, Сал целосно го промени својот начин на исхрана, кој дотогаш внесуваше од дури 10.000 калории дневно.

Поради дебелината ја променил исхраната и почнал да вежба

Со промена на начинот на исхрана и вежбање, Сал успеа да ослаби 127 килограми, а потоа направи баријатриска операција и ослабе уште 88 килограми. Вкупно изгубил повеќе од 200 килограми.

Денес има 102 килограми. „Кога бев најдебел, цел ден седев дома и не можев да имам никаква физичка активност. Почнав да чувствувам здравствени проблеми. Бев затвореник во сопственото тело“, се присети Сал, пренесува Индекс.

„Знаев дека ако сакам да доживеам четириесет години, мора целосно да го променам мојот животен стил. Јадев плескавици и помфрит со сода за секој оброк. Сфатив дека порано јадев 8.000 калории само за ручек“, вели тој.

„Порано го прескокнував појадокот, но моите ручеци секогаш беа огромни. Јадев брза храна, плескавици, чизбургери, тестенини, шницли, пилешко … И потоа ќе јадев нешто слично за вечера. Знаев дека јадам многу, но го игнорирав тоа“, признава тој.

„Од консумирање околу 8.000 или 10.000 калории дневно преминав на 1.200 или 1.500 дневно. Тоа беше храна со малку јаглехидрати, и без леб. Првите неколку недели беа многу тешки бидејќи тоа беше целосна промена на животниот стил, но јас бев посветен на тоа“, опиша тој.

Сега повторно го живее својот живот

„Ми здодеа да постојам, но сега имам втора шанса и не сакам да ја изгубам. Изгубив премногу години поради дебелина.“, заклучи тој.

Во 2018 година, Сал учествуваше во шоуто Skin Tight, пред чии камери беше подложен на операција за отстранување на вишокот кожа. За време на операцијата извадени се 16 килограми кожа.

„Повторно го живеам мојот живот и тоа е неверојатно“, среќен е Сал денес.

Фото:screenshot

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: