Со конец за заби до совршена пунџа или опавче: Новиот вирален трик на ТикТок ги освои сите (ВИДЕО)
Навикнати сме на тоа дека на ТикТок можеме да најдеме многу интересни и корисни трикови, а кога станува збор за светот на убавината, ТикТокерите се неприкосновени.
Ако сакате совршено залижана фризура, ТикТок има наједноставен начин за да го постигнете тоа, а трикот се крие во користењето производи за кои никогаш не би се сетиле дека може да се користат на овој начин.
Имено, станува збор за конец за заби, кој ќе ги измазни сите влакна на косата кои инаку не можеш да ги скротиш и на брз и лесен начин ќе ти помогне пристилизирање на залижаната пунџа или опавче.
@mattloveshair another fav #hairhack TikTok taught me!! #hairtutorials #sleekponytail Goo Goo Muck - The Cramps
ТикТокерот @mattloveshair го популаризираше овој трик со конец за заби, а неговото видео во кое демонстрира како лесно да ја измазните косата има милински прегледи.
Значи, Мет зима долг дел конец за заби, потоа го повлекува од врвот на главата па надоле, за да измазни косата.
Трикот е во тоа што конецот за заби е обвиен со восок, кој звушност ја залижува косата исто како и прозиводите кои се навистина наменети за такво стилизирање на косата, како што се восок, други креми или гел за коса.
Сепак, иако техниката изгледа како да нема маана, всушност не е препорачливо да се користи често, бидејќи како и секое претерано користење на еден производ, може да предизвика акумулација, во овој случај тоа е воскот, што ќе и даде на косата тежок изглед.
@sarahelsiee #stitch mit @mattloveshair mit ZAHNSEIDE? let’s try! #dentalfloss #hairhacks #hack #hairtutorial #fypシ #foryou #learnontiktok #zahnseide #hairstyle #haircare Drop It Like It's Hot - Snoop Dogg
Затоа овој практичен совет може да се користи кога сте во безање и кога на брзина треба да ја средите фризурата, што со овој трик се постигнува за неколку секунди.
фото: Принтскрин / ТикТок