Со новото издание на стариот албум руши рекорди: Светот зборува за 10-минутната песна која Тејлор Свифт му ја посветила на Џејк Гиленхал
Тејлор Свифт е поп машинерија и сега е повеќе од јасно: кантавторката успеа повторно да се надмине самата себе, оборувајќи рекорди со новото издание на стариот албум, „Red“ (Taylor's Version).
„Spotify“ на Твитер потврди дека поп ѕвездата се победила самата себе. „Во петокот, на 12 ноември, албумот на Тејлор Свифт, „Red“ (Taylor's Version) го собори рекордот за настримуван албум од женски изведувач во еден ден“ - стои на профилот на овој стриминг сервис. „Со ова Тејлор го собори рекордот за најслушана пејачка во еден ден во историјата на Spotify“.
We’ll remember this day in history all too well. Congratulations @taylorswift13 pic.twitter.com/rwm7iwLldx
— Spotify (@Spotify) November 13, 2021
Според наводите, реиздавањето на албумот, на кој се најдоа и досега необјавени песни, е преслушано повеќе од 90 милиони пати. Оваа верзија на албумот има 30 песни, меѓу кои и дуетите со Фиби Бриџерс, Крис Стејплтон и Ед Ширан.
Од сите 30 песни, една стана особено вирална, а тоа е песната „All Too Well“.
Поп ѕвездата за првпат во јавноста ја претстави вистинската, оригинална верзија на песната, долга 10 минути, која е сосема јасно дека е инспирирана од разделба, а обожавателите веруваат дека актерот Џејк Гиленхал е оној кој е тема за оваа песна.
Тејлор објави и спот, односно десетминутен мини-филм, кој сама го напишала и режирала, а во кој играат Сејди Синк и Дилан О'Брајан.
Песната ја изведе и во епизодата на емисијата „Saturday Night Live“ и уште една влезе во историјата како изведувач кој во оваа емисија извел една, наместо две песни.
Иако Тејлор никогаш јавно не откри за кој е посветена оваа, но и многу други песни од овој албум, кажа дкеа зборувала со „момчето кое ја инспирирала“ и дека тој веднаш сфатил дека станува збор за него.
„Ми кажа дека слушањето на албумот му било горчливо - слатко искуство, како да гледал албум со фотографии“ - објасни таа во интервју дадено во 2013 година.
Тејлор и Џејк во врска беа помалку од 4 месеци: се запознаа во октомври, на снимањето на емисијата „Saturday Night Live“. Наводно се разделиле кон крајот на 2011 година. Актерот ја оставил велејќи ѝ дека „не им оди заедно“, по што Тејлор била многу повредена.