Со помош на 6 начини откри дали пријателство е вистинско или лажно?
Откривањето на лажното пријателство е полесно отколку што можеби мислите!
Вистинскиот проблем е што многу од нас не сакаат да признаат дека личноста која ја цениме и на која и веруваме можеби воопшто не се грижи за нас.
Доколку мислите дека вашиот пријател и не ви е пријател, тогаш проценете на основа на овие знаци:
# Ќе биде како што тој сака или никако поинаку!
Ова е едно од најголемите предупредувања и еден од најлесните за да препознаете лажен пријател. Флексибилноста е клучна во секој однос, па поради тоа важно е вашето пријателство да биде полно со компромиси. Доколку вашиот најдобар пријател е нефлексибилен, тогаш нешто не е во ред. Првиот чекор да го решите би било разговор со пријателот и да се соочите со него на убав начин за овој проблем. Доколку се согласи и се подобри, тогаш треба да му дадете шанса, но доколку ве одбие, можеби е време да се одвоите.
# Те исмејува тебе и секое твое мислење!
Ужасно е кога некој ги исмејува работите кои ги сакате, а особено многу боли кога личноста која го прави тоа е ваш пријател. Важно е да се има страст во животот, а еднакво е важно да имате луѓе околу себе кои ја поддржуваат таа ваша страст. Па, доколку имате „пријател“ кој не прави ништо освен што ги исмејува работите во кои вие уживате, повторно размислете за вашето пријателство.
# Разговара со тебе само кога му одговара!
Ова е огромен симптом за лажно пријателство. Внимајте кога вашиот пријател разговара со вас и за кој ви зборува. Доколку ве бара само кога му треба нешто, тоа е знак дека тој некој не ти е пријател. Исто така, доколку ве игнорира кога сте со други и разговара со вас само кога сте сами, тогаш збогувајте се со него.
# Ти зборува се за сите!
Постои една мисла која вели: Доколку тоа го прави со вас, тогаш ќе прави и вас. Тоа дефинитивно може да биде случај кога е во прашање идентификацијата на лажниот пријател. Доколку вашиот „пријател“ лошо зборува за луѓето за кои твди дека му се блиски, размислете. Би можел истото да ви го прави и на вас.
# Те исмејува!
Се шегувате еден со друг, но шегите на ваша сметка се поинакви. Не е важно дали сте сами или со група пријатели - доколку ве исмејува некој пријател тоа не е во ред. Пријателите не ги навредуваат своите пријатели. Не би му се допаднало доколку им се прави тоа на нив и затоа не не треба да дозволиш да ти го прават тоа на тебе.
# Не е среќен поради тебе кога во твојот живот се случуваат убави работи!
Љубомората кажува дека имаш работа со лажен пријател. Кога изгледа дека работите во вашиот живот се супер и се оди како што треба, пријателот би требало да биде среќен за вас. Не би требало да ве обвинува или да ве тера да не си ги вреднувате постигнатите резултати.