Со шминка vs. природно издание: Милица Тодоровиќ објави селфи без грам шминка (ФОТО)
Познатата пејачка со своите следбеници сподели селфи без шминка...
Сакаме да ги гледаме познатите ѕвезди без шминка, а последна која објави селфи без грам шминка е Милица Тодоровиќ. Пејачката сме навикнати да ја гледаме со шминка, а мора да го напоменеме и фактот дека секогаш имаш изразено и комплетно нашминкани очи.
Едно е шминка која изгледа природно, а друго е без шминка. Покрај тоа, има и различни апликации за уредување на фотографиите со кои оние фотографии кои се без шминка може малку да се „дотераат“. Но, тоа веднаш се гледа. Сега, пејачката Милица Тодоровиќ на стори објави селфи, направено во 7 часот наутро и покажа како изгледа без шминка.
Иако изгледа како да има некој филтер врз фотографијата, можно е во прашање да е само предната камера, но и понатаму може да се види дека изгледа одлично во природно издание.
На објавите кои ги објавува, секогаш има шминка, но ова не е првпат со пријателите да сподели селфи на кое е во природно издание. Навикнати сме да ја гледаме и вака и разликата е во очите, но не во негативна смила. Би кажале дека навистина изгледа убаво и без шминка. Понаку да, но и понатаму е јасно за кој станува збор, не е потполно друга личност.
Ова е само уште еден доказ кој може да ти покаже колку шминката е важен фактор во нечиј изглед. Важно е само да знаете да се нашмикате и да ги нагласите своите добри карактеристики од изгледот, а да ги сокриете оние помалку драгите. Милица без шминка изгледа топ.
фото: Принтскрин / Инстаграм