Солзите на една мајка: „Го прашав син ми кога се жени, неговиот одговор целосно ме „скрши“

Солзите на една мајка: „Го прашав син ми кога се жени, неговиот одговор целосно ме „скрши“

Објавена во: Совети // Семејство


Мајка го прашала својот син дали има девојка и кога ќе се ожени, а неговиот одговор ја разочарал и целосно ја скршил.

Често се сеќавам на времето кога можевме да одиме на одмор со една плата, кога можевме да купиме мебел, а сепак да имаме доволно пари за храна и сметки. И сега, сега е многу тешко да се живее. Ова е живот со крпеница.

Кога ќе се отвори некоја дупка се молиш до 15 – ти да ти стигне пензијата или платата за да ја затвориш, да ги платиш сметките и ако има нешто да купиш храна, а ако не, пак ќе позајмиш итн. ја започна својата исповед анонимната госпоѓа.

Овој вид на вовед не беше случаен. Нејзините егзистенцијални проблеми се поврзани и со нејзиниот син, работник, кого мајката би сакала да го види среќен и оженет, но тоа е речиси невозможно во Македонија со сегашните приходи.

Имам два сина, продолжи со својата исповед мајката. Едниот одамна се ожени и си замина од дома, но јас го родив другиот на 40 години и тој сè уште е со мене. Јас сум пензионер со 8.000 денари (130 евра), а тој е работник во приватна фирма со плата од нешто повеќе од 200 евра. Го прашував: „Сине, имаш ли девојка, ќе ја пречекам снаата и ќе ти заиграм на свадба?“.

Наместо да одговори, тој се повлече во собата

Наместо да одговори, тој само ќе ме погледне тажно и ќе се повлече во собата. Не разбирав зошто реагираше така и му се налутив. Мислев, тука ќе живее заедно со мене, а јас ќе им помогнам колку што можам. Но, тоа беше само мое мислење, а неговото беше сосема поинакво, што ми го скрши срцето …

Пред некој ден го најдов порасположен. Седнав до него, го фатив за рака и прашав: „Синко, како си? Изгледааш уморно и разочарано. Дали си среќен? … Тој молчеше, за на крајот да рече: „Не, мамо, не сум среќен“, а потоа продолжи: „Ме прашуваш дали имам девојка. Не, мамо, јас немам. Се чувствувам мизерно само помислувајќи дека треба да ја донесе кај нас дома каде што нема кујна, каде има стари кревети, стар мебел, прозорци … Мислам, која би ме сакала така. Љубов? Само од тоа не можеш да живееш, љубовта нема да ти даде пари за храна, за облека, нема да ти ги плати сметките …“.

Една солза се тркалаше по моето старо и збрчкано лице. Не можам да ја опишам тагата што ме обзеде. Го погледнав син ми – висок, убав, здрав и исправен и силно му ја стиснав раката без да кажам збор.

„Мамо, јас заминувам одовде“, рече тој. „Знам, ќе ми биде тешко и болно, но морам да одам да спечалам за леб. Не можам да ви ветам дека ќе ме гледате како младоженец, но секогаш ќе ви помагам колку што можам“.

Се мачеше три години, но вредеше

Тоа навистина ме растажи. Легнав, се свиткав и долго размислував. Цела ноќ размислував како да му помогнам и дали сум му дала доволно во животот …

Тој отиде во Канада, таму далеку. Пред да замине, ми направи скајп и ми отвори профил на Фејсбук за да можеме да комуницираме …

Се мачеше три години, но вредеше. Тој конечно успеа да се справи со тоа. Со насмевка секоја вечер преку Интернет ми велеше: „Еј мамо кога ќе дојдам ќе ти купам сè што ти треба дома, ќе те шетам …“.

Бев пресреќен за него, но празна во срцето и душата. Наоколу слушав приказни како тебе ти е лесно, син ти, ти помага и си реков: „Ех, да беше во близина. Со што ќе ми се полни џебовите кога срцето ми е празно“.


Фото:Фрипик

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: