Солзите само што не почнале да ти паѓаат, а плачењето не е опција: 7 трикови како да се воздржиш и да не заплачеш
Некогаш едноставно не сакаш личноста со која зборуваш да види колку си повреден/а...
Секогаш е добро да плачете и да го исфрлите тоа од себе, но некогаш можеби не е ни време или место или не сакаш да се расплачеш пред таа личност. Во тие ситуации можеш да го спречиш плачењето на некој од овие начини:
# Наведни ја главата назад
Тоа нема да ги спречи солзите да излезат, но тие нема да ти течат по лицето или да бидат толку очигледни. Кога ќе ја навалите главата наназад, ќе ти се видат солзите во очите, но очите нема да ти бидат почетени од плачење.
# Затегни ги мускулите
Науката вели дека ако ги затегнеш мускулите кога ти се плаче, тоа може да ти помогне да не се расплачеш. Кога ќе ги затегнеме мускулите, се чувствуваме посамоуверени и го контролираме нашето тело.
# Брзо трепкај
Ова е еден трик кој можеби веќе го знаеш, бидејќи е најпознат. Потребно е само брзо да трепкаш, бидејќи на тој начин очите ги „впиваат“ солзите и тие нема да ти потечат по лицето.
# Стисни си го носот
И тоа горниот дел од носот, на пределот кој е скоро помеѓу очите. Немој буквално да се штипеш, само стисни се со палецот или показалецот. Вака ќе го прекинеш плачењето пред да почне. И тоа целосно.
# Фокусирај се на дишењето и вдишувај и издишувај длабоко
Целиот фокус стави го на дишењето. Ова ќе ти помогне да ја вратиш контролата врз своите чувства. Само неколку пати земи длабоко воздух и издиши. Тоа ќе ти помогне да се смириш и да ги смириш своите емоции.
# Играј си со прстен или ластик за коса
Треба да го насочиш вниманието на нешто друго. Најлесен начин да го направите ова е да ги користите прстите и да си играте со нешто, што и да имате при рака. Тоа може да биде прстен, ластик за коса или топка за стрес, ако имате.
# Испиј чаша вода или проѕевај се
Кога ќе почне да ни се плаче, во грлото ни се создава кнедла. За да се ослободиш од неа и да го спречиш плачењето, можеш да испиеш чаша вода или да почнеш да зеваш.
фото: unsplash.com