„Сонце не ме грее“ во женска изведба: Лозано јавно ја пофали Антониа Гиговска за каверот на неговата песна (ВИДЕО)
Изведба од која ќе се наежите...
Тренд е младите пејачи, кои допрва се борат за своето место на музичкото небо да прават кавери од пејачите кои веќе се долги години на естрадата.
Тој тренд го почитува и пејачката Антониа Гиговска, која често со своите следбеници на Инстаграм споделува кавери од песни на познати пејачи. Сега на ред дојде и песна од Влатко Лозаноски - Лозано.
Имено, Антониа ја отпеа „Сонце не ме грее“ - еден од најголемите хитови на пејачот и уште еднаш докажа и покажа, зошто важи за една од младите пејачки со неверојатни вокални способности.
Дека добро ја завршила задачата, потврди и самиот Лозано, кој во коментар ѝ стави два емотикони - едниот со срциња, а другиот со рачиња кои аплаудираат.
И нејзините следбеници не ги штедеа пофалбите зборови, па така во коментари може да најдете многу позитивни коментари, кои завршија на адреса на Антониа.
фото: Принтскрин / Инстаграм