Сосема здраво 13-годишно девојче ненадејно почина: И таа е жртва на „тивкиот убиец“ кој секоја година убива илјадници луѓе
Таа починала само неколку дена откако итно била пренесена во болница
Нејзините родители Крис и Сара храбро се присетија на денот кога се случила трагедијата во декември 2019 година - и колку брзо состојбата на 13-годишното девојче се влошила, кога девојчето почнало да чувствува мачнина и забрзано дишење. На почетокот Сара мислела дека нејзините симптоми не се ништо повеќе од „стомачен вирус“.
-Кога ја видов се загрижив дека малку претерав. Имаше толку многу (болести) наоколу што не мислев дека е нешто невообичаено. Таа беше на час по танц во понеделникот и на час по драма во вторникот, така што немаше индикации дека е нешто посериозно од стомачен вирус, изјави таа за Ланкашир пост.
- Таа остана надвор од училиште и беше на клупата, се жалеше на вкусот на слатките што ѝ ги купи татко ѝ. Не бев загрижена, но потоа почна да дише малку побрзо и изгледаше малку збунето. Тогаш почна да се чувствува полошо многу брзо - објасни Сара.
Таа потоа додаде дека состојбата видно се влошила кога пристигнале во итната медицинска помош.
- Таа се приближи до шалтерот и зборуваше со жената. Потоа како што седевме таму здравјето ѝ се влошуваше од минута во минута. Повеќе се збуни, ги гушкаше луѓето. Кога беше на тријажија, ја прашаа за датумот на раѓање и таа беше збунета. Шест дена подоцна, Лорен почина.
Сепса настанува кога одговорот на телото на инфекција брзо излегува од контрола, оштетувајќи ги ткивата и органите што може да доведе до откажување на повеќе органи и смрт.
Сепсата може да влијае на секого - тоа е состојба која не зависи од возраста на човекот. Она што треба да го поттикне сомнежот за постоење на сепса е сомнежот за постоење на инфекција за која луѓето не секогаш се свесни. Тоа може да биде уринарна инфекција, инфекција на кожата или некоја претходна повреда.
Симптоми на сепса:
-поспаност
-дезориентација
-конфузија
-покачена температура
-морници, треперење
-малаксаност, слабост
-тешкотии при мокрење
-брзо дишење
-палпитации
-повраќање
-дијареа
Експертите велат дека главен услов за успешно лекување на сепсата е раното препознавање на симптомите, кои, напоменуваат, не се строго специфични и не секогаш укажуваат на сепса.
Семејството на Лорен, од Chorley, сега собира пари за добротворната организација Sepsis Research FEAT.
Фото: фреепик - илустрација
Извор: најжена