Совет на денот: Како да гледаш натпревар, а притоа да не ги изгубиш нервите или разумот?
Ова се совети за навивачите за што полесно да го преживеат стресот и напнатоста...
Секој страстен навивач поминува низ различни психолошки состојби во текот на играта, од стрес, нервни сломови до еуфорија. Тоа е едноставно како кога го гледате најнапнатиот филм, но во кој знаете дека ликовите и настаните се реални.
Самите лекари бележат поголем број интервенции за време на фудбалските натпревари. Гледањето на натпреварите не е за оние со слабо срце, бидејќи може да завршат во брза помош, но и во оваа друга статистика, која се води за оние кои не преживеале срцев удар.
Дали е можно да гледаш фудбалски натпревар без да ги изгубиш нервите или да го скршиш ТВ екранот или да останеш без својот мобилен телефон?
Ти носиме совети и мерки на претпазливост, за да ја задржиш главата ладна, но и срцето и нервите.
# Медитирај пред натпреварот
Јутјуб е полн со различни техники за опуштање. Би било добро пред почетокот на натпреварот да пронајдеш некое мирно и удобно место, да ги затвориш очите, да ги разбистриш мислите и да се сконцентрираш на длабокото дишење. Тоа може да помогне во намалување на количината на стрес и напнатост кои се заробени во твоето тело.
# Визуелизирај го успехот
Испрати ги вистинските вибрации до универзумот. Замисли како твојот омилен тим дава гол, а сценариото во твојата глава нека биде пореално. Замисли детали како што глетката, звуците и чувството на среќа и гордост при победата. Не размислувај негативно, бидејќи како што би кажале разни „life-тренери“ на Интернет, како што мислиш, така и ќе биде. Значи, размислувај за победа и за ништо друго.
# Гледај го натпреварот со пријателите
Занимавањето со спорт е друштвена активност. Гледањето на фудбал исто така би можело да биде. Секогаш е полесно кога напнатоста можеш да ја споделиш со друштвото. Во завршницата, ако се налутиш или ако не дај Боже ти се слоши од натпреварот, секогаш имаш некој кој ќе биде до тебе и ќе повика Брза помош.
# Не конзумирај алкохол
Прави се дека си во Катар и дека пивата и останатите алкохолни пијалоци ти се забранети. Алкохолот го намалува внесот на имплус, па поединци по влијание на промилите имаат пократок фитиљ, од вообичаено. Значи, заборави на алкохолот и замини го некој чај за смирување.
# Намали го внесот на сол
Тој ден храни се здраво. Имено, бидејќи внесувањето на натриум во организмот го зголемува и крвниот притисок, подобро би било тој ден да не се јаде многу солена и зачинета храна. Крвниот притисок ќе ти се зголеми за 100% додека го гледате натпреварот, затоа не го зголемувај дополнително со солена храна. Така е, без крцкави чипсови и сите тие солени (но, вкусни) глупости. Наместо да ги грицкаш нотките, можеш да грицкаш јаткасти плодови.
# Во рака имај анти-стрес топче
Никој нема да забележи дека го имаш во рака, а е идеално решение за справување со стресот. Сунѓерската топка или кој било друг предмет од материјал од пена, кој можеш да го стиснеш во тупаница секогаш ќе почуствуваш напнатост, е добро помагало за полесно преживување на искуството фудбалски натпревар.
# Излези на свеж воздух
Ако во некој момент за време на гледањето на натпреварот почувствуваш дека сето тоа е премногу за тебе, излези на свеж воздух за да ја разбистриш главата. Ако натпреварот го гледаш на некој плоштад, тргни го погледот од екранот на кратко.
# Тргни го мобилниот телефон од себе и од другите
Има време за поверување на социјалните мрежи и по натпреварот, а во екот на навивањето, мобилниот може да заврши секаде. Може да заврши во ѕид или на под. Можеш и ти сам/а или некој друг да ги полие со пијалок. Исто така, ако си во бар, каде луѓето ќе креваат рацете, слават, пејат и танцуваат, најсигурно е мобилниот телефон да ти биде во чанта. Веруваме дека не сакаш да го искршиш или изгубиш мобилниот.
фото: freepik.com