Совети кои ќе ви помогнат да го преживеете враќањето во училиште клупи по распустот!
Зимскиот распуст наскоро завршува и почнува новото полугодие. Иако се радувате на враќањето во училиште клупи поради другарите, во исто време ви е тешко дека ќе треба повторно рано да станувате, но и да ги завршувате училиште обврски.
За враќањето да ви биде полесно, послушајте ги следниве совети:
Училишен прибор - неколку дека пред почетокот на полугодието, провери дали имаш се што ти е потребно. Дали треба да купиш нови тетратки, моливи, пенкала и се останато што ти е неопходно за новото полугодие. Ова може да те мотивира и да ти помогне полесно да ти помине првиот училишен ден по распустот.
Смисли рутина - за време на распустот, сите спиете подолго, па станувањето ви станува голем проблем, кога ќе се вратите на училиште. За да го спречиш ова, неколку дена пред почетокот на полугодието, направи нова рутина на станување. Алармот намести го во времето кога вообичаено стануваш за на училиште и потруди се да се придржуваш кон овој систем. Така ќе си го навикнеш организмот на раното станување.
Се надеваме дека ова полугодие ќе ти започне полесно од претходното и дека ќе имаш многу успеси!