Спајдермен му ја исполни желбата на момчето кое минатата година се фрли пред куче за да ја спаси сестра си

Спајдермен му ја исполни желбата на момчето кое минатата година се фрли пред куче за да ја спаси сестра си

Објавена во: Stars // Филм

Том Холанд и Зендаја докажаа дека се и повеќе од суперхерои на големото платно...

Ѕвездите на Спајдермен се погрижија да му покажат на Бриџер Вокер како го поминуваат времето за време на снимањата. Имено, тие го поканија момчето во студиото, откако ја слушнаа приказната дека ја спасил својата сестра од напад на куче во 2020 година.

„Се сеќавате ли кога Том Холанд му вети на Бриџер дека може да дојде на снимањето на Спајдермен? Го исполни ветуватување.“ - напиша таткото на Бриџер, Роберт на Инстаграм, па додаде: „Најпрво, огромна благодарност до Том, Зендаја и целата актерска екипа на Марвел/Сони за оваа авантура од соништата“.

„Кога првпат пристигнавме на снимањето, бев малку исплашен дека штом ќе се повлече „завесата“ дека магијата на филмот ќе се изгуби кај децата. Но, спротивното беше точно! Том, Зендаја, Хари и целата актерска екипа, направија нашите деца да се чувствуваат како ѕвезди. Тие не глумат дека се херои од соседството, туку тие навистина се“ - заврши Роберт.


Инаку, Вокер, кој сега има седум години, минатата година храбро застана помеѓу неговата помлада сестра и кучето, со што поднесе неколку каснувања во главата и лицето, по што мораше да биде сошиен со 90 конци.

Тој помина низ повеќе рунди со третмани, а пропратно доби многу емотивни зборови од многу членови од Marvel Cinematic Universe за херојскиот чин, вклучувајќи ги Крис Еванс, Марк Руфало и Бри Ларсон.

Во продолжение погледнете како помина оваа средба:



Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: