СРЕЌЕН МЕСЕЦ: Овие хороскопски знаци ќе имаат многу СРЕЌА во ФЕВРУАРИ!
Јарец
Февруари е ваш месец. Рацете ви се одврзани и можете да работите се’ што досега сте сакале, а не сте можеле или не сте постигнале. Не се плашете од експериментирање, слободно започнете да се занимавате со нешто ново, започнете со необични проекти и ќе ја добиете заслужената награда. На љубовен план ве очекува турбулентен месец; во текот на првите 10 дена ќе бидете скоцентрирани на семејни работи. Ако сте слободни, можно е познанство во текот на овој месец, но познанството нема да биде долготрајна љубов.
Рак
По напорниот и тежок емоционален период, за Раковите конечно доаѓа среќа во љубовта. Февруари ќе им биде наклонет и ќе им донесе можност да запловат во мирна љубов.Тоа ќе им помогне да бидат среќни конечно и да се посветат на важните работи од нивниот живот. Овој месец носи многу нови личности во нивниот живот, а особено личност која позитивно ќе делува на нив. На прв поглед, станува збор за многу обична личност, но мал разговор со неа ќе ви покаже дека таа е совршена личност за љубовта која долго ја чекавте!