Српското чудо од дете освои злато: Адриана го собори сопствениот рекорд во оваа дисциплина и повторно стана светска шампионка
Вторпат по ред стана светски шампион во јуниорска конкуренција и освои златен медал. Адриана Вилагош го освои првото место во фрлање копје, прво во Кенија, а сега и во Колумбија.
На Светското првенство за јуниори во Колумбија беше драстично подобра од своите врсници. Податокот кој говори за тоа е дека со секое фрлање, таа била сѐ подобра, а останатите натпреварувачи заостанувале со по неколку метри. Најдобриот резултат на Адриана од натпреварот во Колумбија е 63,52 метри. На подиумот пониско од неа се Валентина Бариос од Колумбија со 57,84 метри и Мануела Ротундо од Уругвај со 55,11 метри.
Championship record (63.52m)
— World Athletics (@WorldAthletics) August 3, 2022
World U20 champion x2
Adriana Vilagoš successfully defends her world U20 javelin title while local favourite Valentina Barrios takes silver in a national U20 record of 57.84m!#WorldAthleticsU20 pic.twitter.com/4ZGdfFe7Os
По освојувањето на наградата, младата спортиска изјави дека е многу среќна што дури два пати го собирала својот личен рекорд.
„Многу сум среќна, два пати го соборив мојот личен рекорд, ова беше моето главно натпреварување оваа година, направивме многу добра подготовка, се надевав на добар резултат, но не навистина толку добра серија. Четири пати над 60 метри, го пробав и светскиот рекорд, но фалеше уште малку. Кога ќе се собере сѐ, многу сум среќна, имаше добра атмосфера, поздрав од Колумбија“ - изјави Адриана.
Резултатите на Адриана во 2021 година се многубројни, а некои од нив се дека била светска шампионка во јуниорска конкуренција, најдобра на Балканот, втора на ЕП, втора најдобра млада спортиска во Европа, најдобра во Србија во истата категорија. Таа освои златен медал на Медитеранските игри 2022 година во Оран, во дисциплината фрлање копје.
Токму поради тоа се очекуваат Олимписките игри во Париз во 2024 година, а и поради тоа што Србија доби нова ѕвезда во атлетиката, токму кога Ивана Шпановиќ е на крајот од својата кариера.
Српската атлетичарка со семејството живее во местото Мали Иѓош. Иако има само 4.000 жители, нејзината мајка Ѓерѓи успеала да оформи група од млади фрлачи на копје.
фото: Принтскрин / Твитер