Стампедо поради српската кралица на ТикТок: Илјадници деца се собраа околу Сара Дамњановиќ

Стампедо поради српската кралица на ТикТок: Илјадници деца се собраа околу Сара Дамњановиќ

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Спортиската и фитнес моделот Сара Дамњановиќ ја нарекуваат „балканска кралица на ТикТок“, а на оваа популарна мрежа ја следат скоро 2 милиони луѓе.

За нејзината популарност сведочи и глетката која се случи на Градскиот плоштад во Обреновац, кога Сара беше дочекана од илјадници деца кои беа воодушевени поради нејзиното доаѓање.

„Драго ми е што сум овде, да ги видам во толкав број и што имам толкава поддршка и публика“ - рече Сара за РТВ Маг.


„Не знам како останав жива, илјадници луѓе дојдоа во рок од еден час“ - напиша таа на својот Инстаграм профил.

Популарноста и годи, зачекори и во актерските води, а знаеше и што да понуди на ТикТок, бидејќи скоро двата милиони следбеници не се мала работа.

Со самото тоа е првиот балкански ТикТокер со волку следбеници, а нејзните видеа имаат и над милиони лајкови.

Меѓутоа, Сара не е популарна само на ТикТок, туку и на Инстаграм на кој има 600.000 следбеници.

„Секогаш се трудам да се покажам во што подобро светло, да им помогнам колку што можам повеќе, да ги изведам на правиот пат, да ги превоспитам. Секогаш сум туак за да ги превоспитам, бидејќи треба да се превоспитуваат секојдневно, но и родителите би можеле малку повеќе да се ангажираат околу своите деца“ - порача Сара за РТВ Маг, која се дружеше и фотографираше со децата.

Нејзините видеа на ТикТок се преинтересно и со брзина на светлината стануваат вирални, а вообичаено во нив ги покажува своите вештини и им пренесува важни пораки на сите деца.

@saratkd7_

Good night xx

original sound - Sara Damnjanović

@saratkd7_

1-10?  ##foryou ##viral  @mozzart.bet  @anjatkd

original sound - Sara Damnjanović

@saratkd7_

AHAAHAAHAHAAHAAHAAHA  ##foryou ##nexttime

original sound - Sara Damnjanović

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: