Сташа од Бор го изгубила слухот на 8 месеци, а сега е рамо до рамо со Новак во Мелбурн: Имала само една голема желба, но добила многу повеќе
Сташа Србуловиќ (19) од селото Злот кај Бор моментално е четврта тенисерка во светот во категоријата глуви и наглуви. Зад себе има завиден успех, учествуваше на Олимписките игри, стана вицешампион на Европа, а изминатиот период беше во Мелбур каде настапуваше на Австралија опен во конкурецијата на тенисерки со оштетен слух.
За еден српски медиум, младата Сташа откри дека нејзина најголема желба е да го запознае Новак Ѓоковиќ и да се фотографира со него, а сега ѝ се остварило многу повеќе од тоа.
Таа го запознала најдобриот тенисер на светот, а тој ѝ дозволил да тренира во неговиот спортски центар, обезбедувајќи ѝ ги сите услови, тренери и физиотерапевти и со тоа ѝ овозможил на најдобар можен начин да се подготви за натпреаварот на Австралија опен.
фото: Принтскрин / Инстаграм