Стилистот на Зендаја заминува разочаран од модниот свет: Луѓето се сомневаат дека актерката е виновна

Стилистот на Зендаја заминува разочаран од модниот свет: Луѓето се сомневаат дека актерката е виновна

Објавена во: Мода // Moj стил

Сметаат дека се однесувала лошо кон него...

Еден од најбараните модни стилисти во Холивуд го најави своето заминување од модниот свет.

Ло Роуч има работено со ѕвезди од А-листата, но најмногу има соработувано со Зендаја. За сите тие изданија од црвените килими на Зендаја, поради кои ни застануваше здивот, беше виновен токму тој.

Иако има само 44 години, тој на својот Инстаграм профил најави дека заминува во пензија. Тој им се заблагодари на сите кои го поддржуваа сите овие години, но остави и порака со која предизвика сомневање во јавноста.

„Доколку оваа работа е само околу облеката, со задоволство би ја работел до крајот на животот, но жал не е. Политиката, лагите и лажните наративи конечно не фатија. Вие победивте... Јас се откажав“ - напиша Ло во описот на фотографијата.

Неговите пријатели беа шокирани со одлуката, бидејќи како што напиша еден негов обожавател „неговите визии се токму она што му треба на модниот свет“.

Но, на Твитер и ТикТок почна да кружи видео од Модната недела во Париз, на кое во друштво на Зендаја се појави и нејзиниот моден стилист. Токму Ло беше задолжен за изгледот на актерката, со кој повторно ги освои обожавателите, но и модните критичари.

Луѓето ја обвинија Зендаја поради лошото однесување кон него. Имено, додека влегувала на ревијата на „Луј Витон“, седела во првиот ред. Роуч бил покрај неа и останал да стои, бидејќи не знаел каде да седне, па Зендаја му покажала да седне позади неа.


Луѓето на социјалните мрежи беа согласни дека околу тоа дека Роуч очигледно бил скршен поради таквиот третман и дека требало да добие место до Зендаја, како нејзин стилист и придружба на ревијата.

Многумина веднаш заклучија дека Зендаја не се однесува коректно кон него, поради што неговата одлука за заминувањето од модниот свет, веднаш ја поврзаа со настанот од ревијата на „Луј Витон“.

Ло одлучи да ги демантира таквите тврдења и откри во какви односи е со актерката.

„Значи, вие навистина мислите дека прекинувам со З... Ние сме засекогаш. Таа е мојата помлада сестра и тоа е вистинска љубов, а не љубов на лажната индустрија“ - напиша стилистот со ГИФ од сестрите од филмот „The Color Purple“ во кој си ветуваат една на друга дека никогаш нема да се разделат.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: