Стојанче Стоилов како дете: Една работа сакал некогаш и сега
Сигурно веќе сите знате дека македонската ракометна репрезентација по поразот со Австрија го напушта Европското првенство во ракомет. Кире Лазаров, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Гоце Георгиевски, Никола Митревски и сите останати ракометари го оставија срцето на терен и се бореа до последната мината.
Стојанче Стоилов, како и на секое натпреварување, така и на ова играше една од клучните улоги. Својата големина ја докажа и овој пат, а истата во буквална смила на зборот ја имал и како мал.
Имено, на неговиот Инстаграм профил има објавено фотографија од неговото детство, на која е „уловен“ како јаде месо. „Од тогаш се знаело...“ - напиша познатиот ракометар покрај фотографија.
Тој и денес е љубител на храна, па не случајно се најде овој опис покрај фотографија. Затоа физичката големина ја има и денес, но онаа кога е на терен е многу поважна, а Столе ја има и премногу.