
Стрелци останете фокусирани, водолии носете храбри одлуки: Неделен хороскоп од 2 до 8 јуни
ВАГА
Срцето и умот не се усогласени, па чувствувате внатрешна напнатост. Наместо да се трудите да дадете се од себе, направете пауза и објективно погледнете ја ситуацијата. Ви треба пауза за да останете стабилни.
ШКОРПИЈА
Одлуките што ги донесувате во овој период имаат посебна тежина. Иако обично знаете што сакате, сега чувствувате сомнеж. Во ред е да застанете, да земете длабок здив и да го слушате вашиот внатрешен глас. Кога умот ќе се смири, доаѓа јасноста.
СТРЕЛЕЦ
Вложивте многу труд, но не ја занемарувајте потребата за опоравување. Брзото темпо ве истроши, а кратка пауза би можела да биде токму она што ви треба за да се вратите енергични и фокусирани.
ЈАРЕЦ
Конфликтните желби носат немир. Додека некои работи би ги забрзале, други работи повеќе би сакале да ги оставите за подоцна. Бидете внимателни. Не избрзувајте, но и не одолговлекувајте премногу, бидејќи можностите не чекаат вечно.
ВОДОЛИЈА
Вие сте се поблиску до усогласување на вашиот живот со вашите лични желби. Оние кои гледаат од страна не знаат низ што сте поминале. Сепак, вашата упорност се исплатеше. Сега е моментот да се донесе јасна одлука и храбро да се оди напред.
РИБИ
Вашите планови не одат како што сте замислиле, а за една навидум едноставна работа е потребно повеќе време отколку што сте очекувале. Чувајте ја присебноста. Секој има ден кога сè станува потешко, и тоа ќе помине.
Извор: MondoМожеби ќе ве интересира:
