Стрижи ја косата на полна месечина за да ти расте побрзо: Ова се најдобрите датуми во 2023 ја кратење на косата
Календарот на лунарниот циклус открива кога треба да се потстрижите...
Една фризерка го потврди ова: Месечината влијае на вашата коса. Звучи како фикција, но ако фризерите веруваат во ова, и ние ќе веруваме, бидејќи не може да наштети.
Промените на Месечината се нешто што за повеќе луѓе не значат апсолутно ништо и не ги ни следат. Секој може да види кога месечината е полна, бидјеќи понекогаш не можеме да заспиеме. Можеби треба да почнеш да ги следиш промените, затоа што излегува дека полната месечина со себе носи некои верувања.
Помеѓу фризерите постои верување дека најдобро време за потстрижување на косата е она време кога месечината е полна. Наводно, ако тогаш одиш на фризер, косата ќе ти расте побрзо и ќе ти биде погуста. Еден портал разговараше со фризерка за ова, а таа кажа дека тоа е точно и дека ова го испробала на себе и дека сама ја видела разликата.
Исто така има денови кога теба да избегнувате да ја стрижете косата, бидејќи ако тогаш ќе потстрижете, косата ќе ви биде полоша, а врвовите ќе ви се делат.
Ако сакате вашата коса да расте побрзо, тогаш во 2023 година треба да одите на стрижење во некој од овие денови: 05.02; 07.03; 06.04; 05.05; 04.06; 03.07; 01.08; 31.08; 29.09; 28.10; 27.11; 27.12.
А, ако ја стрижеш косата во овие денови, тогаш побавно ќе ти расте: 09.01.-13.01; 06.02.-09.02; 08.03; 15.08; 11.09.-14.09; 09.10.-13.10; 05.11.-09.11. и 02.12.-06.12.
фото: freepik.com