Супер трик: Осветли ја косата на природен начин!
Доколку оваа зима сакаш да ја осветлиш својата коса, а притоа да не користиш силни фризерски препарати, не грижи се, имаме решение за тебе.
Покрај добро познатите лимон, камилица и водка кои можат значително да ја осветлат нијансата на твојата коса, девојките се` повеќе го практикуваат трикот со сода бикарбона.
Се` што треба да направиш е да помешаш лажичка сода бикарбона со вода, и откако ќе ја измиеш со шампон косата, пред да ставиш регенератор, измиј ја со овој раствор.
Но, биди внимателна при употребата – содата не е најздрава за косата бидејќи делува како бојата, па овој трик смееш да го применуваш еднаш во месецот. Би било идеално доколку ја заштитш косата со хранлива маска по овој третман.