Тајната за касичките прасе: Зошто штедиме пари во садови со ваков облик?
Многу пред да бидат отворени првите банки, колку што знаеме во 15 век, луѓето своите пари кои ги штеделе ги чувале во тегли. Тие денови кујнскиот прибор во обичните селски домаќинства бил направен од глина наречена пиг (pygg). За да ги заштедат своите парички, овие луѓе истите ги фрлале во глинена тегла.
Зборот од стариот англиски за свиња бил „picga“. Тој збор еволуирал во „pigge“, најверојатно зошто свињите на фармите се валкале во кал во кој имало глина и во наредните 200 - 300 години, глината (pygg) и животното (pigge) на крајот значеле исто.
Во 19 век, грнчарите почнале да прават „кутии за пари“во облик на прасиња. Овој подвиг ги воодушеви децата кои охрабрено почнале да штедат пари.
Првите модели на врвот имале само простор за ставење пари и биле без дупка на дното, па прасето требало да се скрши за да се извадат парите.