Татко ѝ ѝ дал совет вреден злато: Ќерката на легендарниот Тифа тргна по стапките на познатиот пејач, а еве како изгледа денес (ФОТО)
Ќерката на познатиот пејач Младен Војичиќ Тифа од мали нозе ја засакала музиката...
Сара Војичиќ, ќерката на пејачот и некогашен вокал на групата „Бјело Дугме“, Младен Војичиќ Тифа, одлучи својот живот, исто како нејзиниот татко, да го посвети на музиката.
Како што истакна пејачот во јавноста, Сара од мали нозе ја сакала музиката, а одела и во музичко училиште. Неверојатен талент покажала за свирење виолина, но пеењето сепак пресудило.
Татко ѝ отсекогаш ѝ зборувал да го слуша своето срце, а овој совет таа го практикува.
„Никогаш не сакав татко ми претерано да го мешам во својата музичка кариера, да се експонирам преку неговото име. Ми кажа дека секогаш ќе биде тука за сѐ што ќе ми треба, но треба да се изборам сама. Се согласувам со тоа, иако во последно време често седиме навечер, зборуваме за тоа што сме правеле, до каде сме стигнале и ја имам неговата поддршка. Сѐ што ќе снимам, му го пуштам на него да го слушне, бидејќи најмногу ми значи неговиот и коментарот на мајка ми. На нивните лица веднаш гледам дали тоа што го правам е во ред или не“ - кажа во една прилика Сара.
Сара сега веќе е возрасна дама, а музичкиот правец кон кој се држи е металот. Таа често споделува интересни фотографии на социјалните мрежи, па со самото тоа имаме можност да видиме како таа изгледа денес.
фото: Принтскрин / Инстаграм