Тејлор Свифт повторно го објави синглот „Love Story“: Пристигнува и новата верзија на албумот „Fearless“
Откако Скутер Браун ги купи правата на мастер снимките на нејзините песни и со тоа започна војна, Тејлор Свифт најави дека повторно ќе ги сними првите 6 албуми и ќе ги објави како нови.
Тоа и го направи: поп ѕвездата најави дека наскоро ни стигнува албумот „Fearless“, наречен „Fearless (Taylor's Version), на кој се наоѓаат сите песни во нов аранжман, како и 6, досега необјавени песни.
Иако не нагласи точно кога, острото око на обожавателите успеа во нејзиното соопштение да ги пронајде големите букви со кои е испишано - 9 април.
I’m thrilled to tell you that my new version of Fearless (Taylor’s Version) is done and will be with you soon. It has 26 songs including 6 never before released songs from the vault. Love Story (Taylor’s Version) will be out tonight. Pre-order now at https://t.co/NqBDS6cGFl pic.twitter.com/Vjyy2gA72O
— Taylor Swift (@taylorswift13) February 11, 2021
„Кога ќе се сетам на албумот „Fearless“ и сè во што го претворивте, целосно неволно насмевка ми се лизга низ лицето“ - напиша Свифт во белешката до обожавателите.
„Ова беше музичка ера во која помеѓу нас се создадоа толку внатрешни шеги, толку разменети прегратки и допири со рака, толку нераскинливи врски. Значи, пред да кажам било што друго, само да кажам дека ми беше вистинска чест тоа што бев тинејџерка со вас.“
А дотогаш, Тејлор ни ја подари својата верзија на песната „Love Story“ - токму за Денот на вљубените. Уживајте.