Тексас макси здолниште - модел што ја издолжува секоја фигура: Го обожаваат светските, но и македонските инфлуенсерки (ФОТО)
Како да го носите моделот што во моментов е најголем тренд
Доколку сте љубители на здолништа со макси должина, ви носиме стилски предлози како да ги носите на најстилски начин во 2023 година.
Ако трендот на микро и мини тексас здолништа не беше вашата „шолја чај“, сигурни сме дека ќе ве радува фактот што 2023 година ќе ја одбележат далеку попрактични миди варијанти. Модните трендови често се раѓаат од она што е естетско, а не практично, меѓутоа, модата е најдобра кога може да ги комбинира двете.
Овие здолништата дефинитивно ја наоѓаат таа заедничка основа - ги штитат вашите нозе од студот и ветерот и ви овозможуваат да седнете без тројно да ја проверите околината. Покрај тоа, тие прават вашите нозе визуелно да изгледаат подолги, а во исто време ѝ даваат на вашата комбинација малку поформален изглед.
Тексас здолништата се посебен тренд во 2023 година, светските модни инфлуенсерки имаат милион начини како да ги комбинирате за секогаш да изгледате шик и тренди без премногу труд, а може да се инспирирате и од македонските инфлуенсерки Александра Шијакоска и Ксенија Деспотоска.