Теорија за косата од ТикТок открива нешто за вашата личност: Фризер го објаснува популарниот тренд кој брои 60 милиони прегледи
Видеата што го користат хаштагот #hairtheory имаат импресивни 59,6 милиони прегледи бидејќи корисниците, главно жени, едвај чекаат сами да ја испробаат теоријата...
ТикТок е место каде започнуваат нови трендови, од шминка и инспирации за коса, па дури и употребата на проблематичниот „Bold Glamour“ филтер. Најновиот тренд кој владее на социјалните мрежи е поврзан со косата.
Имено, трендот „hairtheory“ покажува корисници кои прават неколку различни фризури, бидејќи теоријата има за цел да покаже дека начинот на кој ја носите косата може да го промени вашиот изглед и како ве перцепираат.
Една од причините зошто теоријата за коса е во тренд, е тоа што корисниците на ТикТок веруваат дека начинот на кој некој ја носи косата може многу да каже за неговата личност. Имајќи го тоа на ум, „Glamour“ ја замоли Каролина Брукс, основач на „The Glasshouse Salon and Spa“ да даде мислење за 5-те најпопулрни фирзура и што секоја од нив кажува за личностите кои ја носат.
# Опуштено и природно
„Иако тоа е често еден од полесните стилови за креаирање, опуштениот и природен изглед сугерира на опуштен пристап кон убавината. Тоа е изглед без напор и сугерира дека на корисникот му е пријатно во сопствена кожа“ - објаснува Каролина.
# Пола горе, пола доле
„Оваа фризура е мешавина од опуштено и шик. Тоа е сестран изглед, бидејќи може да се носи од лежерни до формални настани. Предложува баланс помеѓу практичноста и стилот“.
# Мазна пунџа
„Оваа фризура е елегантна и зрачи со софистицираност. Тоа покажа дека оној што ја носи е насочен кон целта и се стреми кон полиран изглед. Може да биде практично и за оние кои сакаат да ја држат косата подалеку од лицето“ - вели таа.
# Опавче
„Оваа фризура е функционална и практична. Тоа сугерира дека личноста која ја носи е ефикасна и зафатена, но и дека и понатаму сака да биде едноставна и модерна“.
# Шнола
„Оваа фризура е практична и елегантна. Ова сугерира дека оној што ја носи би можел да биде креативен и да ужива во играњето со различни изгледи, а притоа да ја задржи функционалноста“.
фото: Принтскрин / Инстаграм