Тежела само 39 килограми: Се запиша на фитнес и стана симбол за убавина
Многу девојки пробуваат секакви методи, за да ги намалат килограмите, но блогерката Транг Нгуен си постави друга цел.
Пред три години, таа тежела само 39 килограми и немала ниту облини. Оваа ситуација не и се допаднала, па поради тоа се запишала на фитнес и започнала да крева тегови.
Три месеци подоцна, Транг успеала да крене тежина која била еднаква на нејзината.
Невозможно е да се спортува и да се гладува, па затоа Нгуен не пропушта ниту еден оброк. Таа добила диета со брашно и благи работи. Според блогерката, во животот нема место за гладување.
Таа го опишува својот долгогодишен експеримент на социјалните мрежи. Две години подоцна, нејзините следбеници забележела дека таа повеќе не е мала и ситна девојка, туку вистинска фитнес убавица.
Сепак, таа внимава на себе и својата форма, а честопати на социјалните мрежи споделува резултати од нејзината прекрасна трансформација. На Инстаграм ја следат на 330.000 корисници и нејзиниот живот го следат со возбуда.