„Ти си Никита сонце што нѐ грее, душа што се смее“: Пејачката Мијата емотива за роденденот на нејзината ќерка
Никита, ќерката на пејачката Мијата наполни 9 години. Со посебна посвета на социјалните мрежи, таа и го честиташе роденденот.
Среќен 9-ти роденден дете прекрасно. Ти си НИКИТА волшепство наше, сонце што нѐ грее, душа што се смее...Благословени сме што те имаме. Твои Мама, Тато и Бато“.
Пејачката во брак со сопругот Златко повеќе од 15 години и заедно ги имаат ќерката Никита и синот Калин.
На прашањето „Како е да се биде мајка на тинејџери?“ во интервју за Женски магазин, Мијата вели:
- Па не било лесно … Интересно е, ама лесно не е … И тоа што ние сме родители отворени за дискусија на секакви теми … но за жал, свесни биле ние или не, други сили ни ги воспитуваат децата. И во наше време телевизијата беше јако орудие, но ова сега што се случува … такво интензивно перење мозок преку електронски уреди, многу ми е жал за сите деца генерално. Душичиња не се ни свесни што им се случува.
Фото: Фејсбук