Тие одбиваат да снимаат интимни сцени: 10 познати актери и актерки кои тука повлекле црта
Или ќе биде така или тие нема да глумат - тоа им е еден од условите...
Некои ова не сакаат да го снимаат од почит кон својот љубовен партнер, некои бидејќи основале семејства и имаат деца, а други од религиозни причини. Секој од овие актери има своја причина зошто планира да каже „не“ на снимањето на интимни сцени.
# Пен Бедгли
Во новата сезона на серијата „You“, главниот актер побарал воопшто да нема секс сцени. Со оглед на тоа што сега е оженет, смета дека поради почит кон неговиот брак и неговата сопруга, тоа веќе не е во ред.
# Блејк Лајвли
Блејк има сосема поинаква причина од сите други за одбивањето да снима сцени со секс и голотија. За неа ваквите сцени немаат смисла, бидејќи само го одвлекуваат вниманието на гледачот од заплетот на филмот. Затоа и нема шанси некогаш да се појави во такво издание во некој филм.
# Меган Фокс
Меган е мајка и кога стана стана мајка одлучи дека тоа е крајот на улогите кои од неа бараат да снима секс сцени. Таа не сака нејзиното семејство да го види тоа еден ден. Иако понекогаш улогата е добра, режисерот е добар и приказната во филмот е добра, но ако од неа се бара малку повеќе голотија, за неа тоа е автоматско „не“.
# Кира Најтли
Семејниот живот ја натера и Кира да избегнува такви сцени. Иако сè уште е отворена за вакви сцени во случаи кога филмот е режиран од жена, а кога станува збор за машки режисер, нема шанси да се согласи на тоа.
# Ребел Вилсон
Од почетокот на кариерата, оваа актерка додаде клаузула во договорот да нема голотија. И нема преговори за таа точка. Често снима комедии, па нема потреба од такви сцени.
# Џулија Робертс
Иако Џулија имаше неколку сцени кои се малку голи и вклучуваат пожешки сцени, таа секогаш бара од режисерот малку да ги „смири“ таквите сцени и да не бидат премногу. Дури тогаш се согласува. Тешко дека во филмовите ќе ја видите целосно гола пред камера, таа секогаш се труди некако да се сокрие.
# Ана Кендрик
Уште една актерка која од почетокот на кариерата одбива да глуми во која било сцена која вклучува голо тело, без разлика дали се работи за секс сцена или сцена во која ликот се тушира. Ништо не доаѓа предвид. За ваквите сцени, во филмовите во кои глуми, бара да се користи личност која личи на неа.
# Сара Џесика Паркер
Таа е единствената актерка која не се појави гола за време на серијата „Сексот и градот“, а реално гледано го направија сите останати главни актерки. Ова го стави како ставка во нејзиниот договор и не се откажува од неа.
# Џесика Алба
Џесика е уште една од актерките на листата која во секој договор како клаузула додава „без голотија“, а причината за тоа е нејзиното семејство.
# Мила Кунис
Подготвена е да покаже малку кожа, но додека тоа не е претерано. На пример, никогаш нема да го покаже целиот задник или цели гради. Сè додека е прекриера и камерата не открива премногу, таа може, но ако се гледа повеќе, тогаш нема да се согласи на таа улога.
фото: Принтскрин / Инстаграм