Тие се богати, а воедно и најубавите близначки на светот: Но, зошто цел свет ги сожалува?
Девојчињата во 2010 година беа прогласени за најубави близначки на светот, а еве како изгледаат денес...
Ава Мари и Леа Роус се родени во 2010 година, а многу кратко време по раѓањето беа прогласени за најубави близначки на светот и целиот свет знаеше за нив уште пред да проодат.
Од тој момент, тие станаа „јавни личности“, на иницијатива на нивната мајка запловија во светот на моделингот, а потоа таа им отвори и профил на Инстаграм. На овој начин, тие уште од најраното детство почнаа да заработуваат голема количина на пари.
„Луѓето постојано ми велеа: „Вау, толку се убави, навистина би требало да размислите за тоа да ги вклучите во моделингот, а потоа и самата почнав да верувам дека тоа е добра идеја“ - кажа нивната мајка, Џеки Клементс.
Тие имаат и постар брат и кога Џеки одлучила да ги пробие во моделингот на 6-месечна возраст, сфатила дека тоа е неизводливо, поради обврските кои животот ѝ ги наметнал, а кои влијаеле на целото нивно семејство.
„Мојот прв обид беше траткотраен и одлучив дека не е вистински момент“ - кажа Џеки и додаде дека го почекала 7-от роденден на девојчињата за да можат сами да донесат одлука дали сакаат да се занимаваат со моделинг.
„Им кажав на ќерките дека ако се подготвени, може покрај танцот и пливањето, да се занимаваат и со моделинг“ - додаде Џеки и откри дека близначките биле пресреќни со овој факт, бидејќи обожаваат да позираат и да бидат во центарот на вниманието.
Од тој момент сѐ почнало да се одвива со брзина на светлината. Животот на семејството Клементс значително се променил. Жаклин прво ја повикала агенцијата со која веќе соработувала кога децата биле мали, а тие со задоволство ги прифатели девојчињата. Потоа им организирала професионален фотограф, кој направил портфолио за девојчињата.
Им отворила и Инстаграм профил, а бидејќи девојчињата се навистина убави и добро позираат, наскоро секоја втора фотографија била рекламна, а тие две денес имаат скоро 2 милиони слебеници.
Од друга страна, нивната мајка често се среќава со многу негативни коментари, од тоа дека девојчињата изгледаат тажно, дека го злоупотребува нивниот изглед за сопствен профил, до тоа дека девојчињата немаат детство.
„Дали сте ги запознале моите ќерки? Очигледно не сте, што давате вакви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојчиња се добро! Тие се среќни. Имаат неверојатно детство, полно со пријатели со кои постојано си играат. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитет на живот“ - напиша гордата мајка.
Во меѓувреме, и нивниот постар брат „потпишал“ договор со истата агенција, па така и тој заплови во модниот свет, а на прашањето зошто девојчињата на секоја фотографија се пренашминкани, мајката кратко одговори дека модната индустрија го бара тоа од нив.
фото: Принтскрин / Инстаграм