ТикТокерките полудеа по лушпите од банана: Сите зборуваат за ефектите од „банана ботоксот“ (ВИДЕО)
Откако ќе го прочиташ ова, повеќе нема да ја фрлаш лушпата од банана...
Лушпите од бананите е вистинско чудо...
Освен што е многу корисно ѓубриво за растенијата, се вели дека прави чуда и за вашата кожа. Така барем велат ТикТокерите кои наместо скапите ботокс инјекции го користат трикот со лушпа од банана, кој наводно спречува појавување на брчки.
Алајна Рајан, која објавува содржини под корисничкото име @alaynaryan1979, сподели видео со хаштаг #bananabotox. Во видеото, додека ја трие внатрешното од лушпата од банана на лицето, таа потврди дека оваа процедура ги има истите ефекти како ботоксот.
@alaynaryan1979 #natural #botox #gonatural original sound - alaynaryan1979
Видеото собра неверојатни 2,5 милиони прегледи.
„Ок, ова го правам со години и е одвратно, но тоа е природен ботокс“ - вели таа.
Друга ТикТокерка, под корисничкото име @jnitav, реши да го тестира овој трик. И таа, исто така кажа дека нејзината кожа изгледа подобро од кога било и им посочи на своите следбеници да го остават пилингот од банана на лицето најмногу 15 до 20 минути пред да го измијат со вода. Како што вели оваа девојка, оваа постапка може да се повторува од 3 до 5 пати во неделата.
@jnitav @alaynaryan1979 and to think I almost made banana bread! #bananas #bananamask #fyp #natural #botox #skincare #diyskincare #bananapeels #knowledgeispower #educateyourself #fyp #jnitav original sound - alaynaryan1979
Ако сакате природна козметика, овој предлог може да го тестирате. Бананата, на пример искористете ја за смути, а лушпата оставете ја за вашето лице. Лушпата содржи цинк и витамини Ц и Е, кои можат да го намалат воспалението на кожата и појавата на акни. Да не зборуваме дека бананата е овошје кое изобилува со калиум, па еве која е состојката која е одговорна за хидратација на кожата.
Важно е да се нагласи дека за оваа постапка ви треба максимално зрела банана, односно кора која веќе почнала малку да потемнува и да добива црни точки.
фото: Принтскрин / ТикТок