Точка, извичник или тире: Одбери го омилениот интерпункциски знак и дознај ја скриената вистина за себе
Одбери го омилениот интерпункциски знак и дознај каква личност си...
Сите ние имаме свој омилен интерпункциски знак, оној кој сакаме да го користиме во своите пораки. Освен што може да укаже на интонацијата на нашиот крај и траење на реченицата, дали заневте дека може да открие нешто за вашата личност?
Кога зборуваат, луѓето пренесуваат информации со погледот, изразот на лицето, тонот, паузите итн. Од тука логично е дека во текстуалните пораки се потпираме на она што ни е на распологање, како што различните емотикони, зборови кои го доловуваат звукот на говорот и со повторување на интерпункциските знаци. Точка, тире, заграда, апостроф...
Но, дали знаевте дека омилениот знак кој го пишувате во своите пораки може да укаже на одредени карактеристики на вашата личност?
Одберете го својот омилен знак, а потоа побарај го одговорот.
# Една точка (.)
Олучни сте и сакате да преминете на работата. Луѓето го ценат вашето мислење и ви веруваат, бидејќи го сакаат тоа што сте отворени и искрени. Од друга страна, веројатно сте малку здодевни, но исто така и емоционално и ментално стабилни.
# Запирка (,)
Уживате во споделувањето на информации. Подготвени сте секогаш да бидете во комуникација со сите луѓе кои ве окружуваат и обожувате да ги слушнете сите детали. Сакате да го имате завршниот збор и уживате во текот на целиот разговор.
# Извичник (!)
Сите знаат дека извичникот не значи викање. Обично го користиме кога сакаме да го заклучиме разговорот, а понекогаш и да нагласиме нешто што за нас е многу важно. Доколку додавате извичник на крајот на секоја реченица, вие сте едноставна личност која сака да се забавува, но се плашите од тоа дека луѓето може погрешно да ве проценат или во најлош случај да не ве сакаат.
# Прашалник (?)
Имате огромна желба за знаење и избегнувате да влегувате во било какви расправии или да решавате одредени работи, се додека не добиете јасна слика. Поради тоа луѓето можеби ќе ве сметаат за здодевна или претерано упорна личност. Верувате само во себе. Исто така сте прилично неодлучни.
# Тире (-)
Вие сте преголем естет, па затоа може на другите да им делувате како многу претенциозна личност. Исто така, постои можност да се занимавате со пишување и сакате да користите сложени реченици.
# Загради (())
Малку сте хаотични. Мислите дека сте одлични во завршувањето на задачите, но всушност правите само неред наседе. Обидете да воведете организација во својот живот - би можело тоа да ви биде од помош.
# Две точки (:)
Вие сте ориентирани кон деталите и сте многу самоуверени. Луѓето може да ве зимаат здраво за готово, но вие сте оној пријател кој е постојано на страна: сигурен, лојален и секогаш е тука за да подаде рака кога е потребно.
# Точка со запирка (;)
Од мали нозе покажувате интерес за поинакви работи. Вашиот поглед кон светот ги инспирира другите, особено желбата за откривање на светот и прифаќањето на различностите.
# Три точки (...)
Обожувате акција, прилично сте незапирливи и другите луѓе тешко ве „читаат“. Иако понекогаш се однесувате смирено и знаете да бидете прилично резервирани, сакате во својот живот да имате малку драма.