Топ 10 познати личности чии фризури најмногу се пребаруваат: Кои од нив би ги ископирале?
Секако дека во оваа листа е и коњското опавче кое е заштитен знак на Ариана Гранде...
Некои познати личности имаат толку добри фризури што едноставно мораме да пребараме како да си ги направиме и ние. На пример, како да го направиме високото залижано коњско опавче кое го носи Ариана Гранде или како да ги направиме опуштените „beach wave“ локви, какви што секогаш има Хејли Бибер?
Некои познати личности освојуваат со своите фризури и многу луѓе сакаат да знаат како да ги направат истите. Најновиот начин како тоа да го пронајдеш е ТикТок. Таму има многу корисни совети, а како да направиш некоја фирзура е еден од нив. По резултатите на пребарувачот на ТикТок, ова се топ 10 фризури кои најмногу сакаме да ги ископираме.
# Хејли Бибер
На десеттото, последно место е Хејли и нејзината брановидно опуштена фризура. Таа стана нејзин заштитен знак, а сите секогаш ги интересира како ги добива таквите локни. Изгледаат сосема природно, но за изненадување не се, Хејли редовно ги прави, а дури во една прилика на својот Јутјуб канал покажа и како.
# Мајли Сајрус
Мајли веќе некое време има степенаста коса до рамена, т.н. „wolf cat“ и изгледа одлично. Наспроти лудостите што ги прави со косата, во последно време толку воодушеви што стана инспирација за многу девојки.
# Џиџи Хадид
Долгата лесно извиткана руса коса е фризурата која Џиџи најчесто ја практикува. Иако не е ништо спектакуларно, бојата на косата е она што многумина сакаат да го ископираат кога ќе се одлучат да ја променат бојата на косата.
# Ким Кардашијан
Ким е пример во сè, па така и во фризурите. Што и да направи или што и да облече, одеднаш го сакаат и другите. Не ги менува често фризурите, ниту прави нешто лудо, кога е косата во прашање, но сеедно многу девојки сакаат да имаат коса како нејзината.
# Кајли Џенер
Уште една припадничка на кланот Кардашијан - Џенер се најде на оваа листа и разбирливо е зошто. Кајли има толку многу перики што е невозможно да се препознае кога се појавува со нејзината вистинска коса. Имаше неколку интересни бои и апсолутно е јасно зошто токму нејзината фризура може да послужи како инспирација.
# Бијонсе
Од распуштена коса, преку полусоберена и плетенки до големите бранови што често ги носи - сите нејзини фризури секогаш биле полн погодок, па како другите не би ги копирале?
# Бела Хадид
Бела е кралица на фризурите кои не враќаат во минатото. Од слатките шноли со пеперутки, големите шноли со кои прави пунџа или бодликавата пунџа, толку многу фризури покажа. Сите тие се паметат и се многу лесни за рекреирање. Особено што омилените пунџи кои ги носеше, бидејќи се идеална фризура за оние денови кога косата ни е за миење, но малку не мрзи да ја измиеме.
# Били Ајлиш
Били неодамна собори рекорд и направи хаос на Инстаграм кога ја покажа својата нова пластинеста боја на коса. Очекувано беше дека по неа, сите ќе ја бараат токму нејзината фризура. Заслужено влезе во топ 3.
# Ариана Гранде
Не е на прво место, но исто како да е. Долгото коњско опавче на Арина е легендарна фризура. Таа фризура стана асоцијација за пејачката. Освен него, во последно време пејачката често носи фризури во стилот на 60-тите, кои исто така сите сакаат да ги ископираат.
# Кендал Џенер
И на прво место, позната личност чија фризура е најмногу пребарувана е Кендал. На сите особено им се допаѓа нејзината нова степенасто кратка коса. Тоа е тип на фирзура која е ИН веќе некое време, а токму познатите се „виновниците“ за нејзината популарност. Слична таква фризура имаат и Били и Мајли. Но, освен новата фризура, Кендал е фан на минималните и едноставни фризури, кои изгледа им се драги и другите девојки.
фото: arianagrande и haileybieber / Инстаграм