ТОП 3 НАЈТИН ПРОБЛЕМИ

ТОП 3 НАЈТИН ПРОБЛЕМИ

Објавена во: Совети // School zone

Да се биде тинејџер не е ни малку едноставно бидејќи тоа, како што велат експертите е најчувствителниот период во животот.  Додека се трудиш да им се допаднш на другите, забораваш на себе и одеднаш застануваш пред куп проблеми кои не ти дозволуваат да спиеш. Но,  доволно е со самосожалување време е да почнеш да дишеш со полни гради бидејќи ние имаме решение за најтин проблемите!

„Како да ги поправам слабите оценки?“

ЛИСТА НА ПРИОРИТЕТИНаправи листа на приоритети со најмногу 5 точки и со помали цели како куси потсетници.

НАПРАВИ ПАУЗА – На секои 40-50 минути учење, прави пауза од 10 минути.

ПОМАЛКУ ИНСТАГРАМ – Не велиме да го заборавиш пасвордот на Инстаграм, но кога треба да учиш обиди се барем помалку да го користиш.

„На училиште ме малтретираат!“

ЗБОРУВАЈ ЗА НАСИЛСТВОТО – Направи го тоа без срам, насилникот е тој кој би требало да се срами.

ИЗБЕГНУВАЈ – Ако знаеш каде се движат насилниците, избегнувај ги и однесувај се самоуверено иако во моментот не се чувствуваш така.

НЕ ОДМАЗДУВАЈ СЕ – Игнорирај ги насилниците и не се спуштај на нивно ниво.

„Немам доволно самодоверба“

ИМАЈ ЦЕЛНајголемата тајна на самоуверените луѓе е тоа што тие секогаш знаат што сакаат и имаат цел.

ПРАШУВАЈ – Но не премногу! Тоа ќе ти помогне да ја избегнеш непријатната тишина во разговорот.

ДАВАЈ КОМПЛИМЕНТИ – Може да станува збор за нечиј изглед или постигнат успех. Ова е добар начин за почеток на разговор.

Фото: freepik

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: