Трагедија: Кошаркарката пронајдена мртва на денот кога наполни 18 години
На тажната вест реагираше и премиерот на Романија, Виктор Понта
Трагичната вест доаѓа од Романија, каде младата кошаркарка и голема надеж на земјата, Алесија Марија Раициу, беше пронајдена мртва на денот кога наполни 18 години.
Канцеларијата за сомнителни смртни случаи на Метрополитен полицијата отвори досие за расветлување на околностите во кои настапила смртта.
- Животот на кошаркарката со голема перспектива заврши предвреме... Еден од најталентираните спортисти од генерацијата 2004 повеќе не е меѓу нас. Алесија Марија Раициу почина на денот кога наполни 18 години. Освои бројни медали на националните младински првенства со КС Олимпија Букурешт. Романскиот кошаркарски сојуз упатува искрено сочувство до семејството на загинатата! Почивај во мир Алесија - објави на Фејсбук Романскиот кошаркарски сојуз.
Извор: telegraf.rs