Трагедија: Почина средношколка која била претепана од врсниците на училиште - Мајката се онесвестила од болка кога дознала зошто ја убиле

Трагедија: Почина средношколка која била претепана од врсниците на училиште - Мајката се онесвестила од болка кога дознала зошто ја убиле

Објавена во: Совети // Другарство

Врсниците се обиделе да го прикријат своето учество во тепачката и ги излажале сите околу нив...

Шеснаесетгодишната Шајли Меџиа од Калифорнија загинала како последица на тепачка на 5 март во училишна бања.

На видеото кое изминативе денови ја обиколи Америка, може да се види Шајли како се влече за коса со врсничка и си удираат тупаници, а кога видеото престанало, две други девојки ја нападнале и ја удирале силно со клоци по главата и телото додека таа лежела на подот.

Шајли изгубила свест, но подоцна станала и се однесувала како ништо да не се случило. Не и кажала ниту на нејзината мајка си што се случило, само излажала дека се тепала со некоја непозната девојка на улица.

Два дена подоцна, девојката отишла на домашна забава додека на мајка си Марија Хуарез и се жалела на голема главоболка.

Таму изгубила свест и од тогаш до 15 март била во кома. Тогаш Шејли го загубила животот.

„Сите знаат дека ќерка ми е повредена во глава, дури и наставниците. Сите ја криеја вистината“, изјавила неутешната мајка која пред смртта на ќерката се онесвестила кога дознала низ какви маки поминувала на училиште.

Шејли не и кажала на мајка си за тепачката бидејќи наводно не сакала да се грижи за неа и да земе одмор од работа.

Истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта се уште не е позната.

Најлошиот дел од целата приказна е тоа што насилниците од бањата изјавиле на училиште дека Шејли паднала таму откако се лизнала.

Потоа излажале и за забавата, велејќи дека и таа се онесвестила откако паднала по скали, како и затоа што пиела алкохол. И тоа не било, како што било утврдено со токсиколошката анализа.

Мајката Марија тврди дека нејзината ќерка била малтретирана на училиште со месеци и дека службениците на училиштето не го спречиле тоа.

Шајли започнала во тоа средно училиште пред осум месеци откако се вселила во нов стан со нејзината мајка и помалиот брат.

По неколку месеци на училиште, нејзината мајка рече дека Шејли почнала да доаѓа дома со модринки по целото тело, за кои мисли дека се од други тепачки.


Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Republika.rs

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: