Трајче денес е вистинска тинејџ ѕвезда: Се сеќавате ли на неговиот прв настап на „Ѕвездичките на Пинк“?
Пред скоро шест години, односно пред крајот на 2014 година, на Балканот започна да се емитува првата сезона од најпопуларното музичко натпреварување за деца до 15 години, наречено „Ѕвездичките на Пинк“. Тогашното жири кое го сочинуваа Гоца Тржан, Јелена Томашевиќ, Хари Веришановиќ, Милан Станковиќ и Леонтина Вукомановиќ беа на тешки маки, зошто во морето талентирани деца требаше да ги одберат оние вистинските кои ќе бидат идни музички ѕвезди.
Во таа прва сезона, еден од најистакнатите натпреварувачи беше едно момче од нашата држава, кое за многумина од нас дотогаш непознато. Станува збор за Трајче Ѓоргиев, момчето од Струмица, кое само на 13 години го освои Балканот.
Денес, тој е навистина популарен и веќе има неколку свои песни, но кога првпат застана на сцената беше само едно исплашено дете. Дали за тоа беа виновни рефлекторите или пак жирото, Трајче се уште нема откриено. А, тремата во неговиот случај беше пресудно, бидејќи тој наместо директно во вторниот, тој мораше прво да пее во бараж, за да ги потврди своите гласовни способности.
Песната од Тоше беше неговата карта за продолжување на натпревувањето, а Трајче успеа да стигне и до големото финале, каде што заврши на второто место.
Се надеваме дека ова мало потсетување ве потсети на почетоците на младиот пејач и дека истото ќе ве поттикне да ги погледнете и другите негови изведби од ова музичко натпреварување.
И.М.
Може да ве интересира:Дуото Ѓоргиеви рај за уши: Трајче и сестра му со музика ја победија монотонијата