Тренди накит инспириран од 90-тите: Можете да ги побарате во старите кутии со накит на вашите мајки (ФОТО)
Кои парчиња накит денес се апсолутен хит, а за кои девојките лудувале пред скоро 30-тина години?
Модните трендови од 90-тите се враќаат на големата врата. Панталоните со широки ногавици, кроп топовите и уште многу слични модни парчиња веќе може да се најдат во плакарите на секоја девојка.
Но, добрите парчиња облека мора да бидат надополнети и со добри модни додатоци. Затоа ќе го погледнеме накитот за кој сите лудуваа во 90-тите, а кој во претстојната пролет/лето сезона повторно ќе биде хит.
Ете, можеби и нема ни да мора да купуваш ништо од наведеното, туку само да побараш од твојата да мајка, која сигурно чува нешто од овие модели на накит.
# Чокер
Во продавниците може да пронајдете низа модели кои ќе бидат одлични за вашиот стил и карактер. Бидејќи вратот е еден од најсензуалните делови од телото, со ваков моден додаток дефинитивно вниманието ќе го насочите право таму.
# Круг обетки
Без разлика дали ги сакате оние тенките или пак предимензионирате кругови, не може да погрешите со изборот. Овие обетки одлично се комбинираат со секојдневните модни комбинации, но и со оние вечерните.
# Нараквици
Многу тенки златни или сребрени нараквици на вашите раците, оваа година повторно ќе бидат апсолутен хит.
# Нараквици за нога
Едвај го чекаме летото за да можеме да го износиме овој моден додаток.
# Синџир со голем привезок
Со додаток, синџирот и на најобичната модна комбинација ќе ѝ даде доза елеганција.
# Ѓердан со натпис
Персонализираниот накит се враќа на големата врата, па така, сега може да носите ѓердан со вашето име или името на личност која зазема посебно место во вашиот живот.
# Прстен кој го покажува расположението
Можеби звучи необично, но да, тоа е прстен кој ги менува боите во однос на емоционалната состојба и кој на пазарот е лансиран во 70-тите, а девојките го обожавале во 90-тите. Морате да признаете дека е прилично „кул“ да се има прстен кој ќе ја менува бојата, а пропратно може да ги открие и вашите внатрешни емоции, за кои можеби не сте ни свесни.
фото: Принтскрин / Инстаграм