Трендот од деведесеттите се врати: „Frozen lips“ го освоија модниот свет, а посебно и е омилен на Џеј Ло

Трендот од деведесеттите се врати: „Frozen lips“ го освоија модниот свет, а посебно и е омилен на Џеј Ло

Објавена во: Мода // In and Out


На некои им се допадна овој начин на шминкање, на некои не, сепак сега повторно е во мода.

Верувале или не, таканаречениот тренд на „Frozen lips“ (замрзнати усни) се враќа на големо. Овој тип на шминка беше популарен во 90-тите години, кога Кејт Мос, Наоми, Памела Андерсон и други убавици го прославија, а деновиве е многу популарен на TikTok.


Како да го постигнете ефектот „замрзнати“ усни

Сјај, кармин или кој било друг производ за убавина кој содржи сјај ќе ви овозможи да го постигнете посакуваниот изглед. Во основа, „замрзнато“ значи дека го одразува сјајот и прави вашите усни да изгледаат пополни. Не е важно која боја ќе ја користите, тоа е прашање на ваш вкус, а инфлуенсерите и дамите кои го промовираат овој изглед најчесто носат пастелни тонови, кои одат со сè.


Корисни совети

Вашите усни треба да бидат мазни и хидрирани пред да нанесете кармин. Прајмерот за усни може да биде добра основа за вас.

Доколку имате мат кармин, можете и да го нанесете, а над него ставете сјај за усни или слој светкава сенка или хајлајтер.

Карминот можете да го нанесете или директно на усните или со четка. Доколку сакате, усните можете да ги исцртате со молив, за да ги дефинирате рабовите и да спречите карминот да ги прекрсти усните, пренесува Super Woman.


Фото:instagram

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: