Три последователни финалиња и две ЗЛАТА за „златната генерација“ на ФК ФОРЦА
Фудбалската школа ФК Форца – ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА со две генерации!
Изминатиов викенд на терените на тренинг-центарот на ФФМ се одиграа натпреварите од финалниот турнир од ФФМ Детска лига за сезоната 2023/ 24.
Во учество на 96 екипи-регионални победници и повеќе од 1.500 фудбалери од 7 до 13 години, беа одиграни 96 натпревари по што се познати шампионите во шесте натпреварувачки категории.
ШАМПИОНИ ЗА СЕЗОНА 2023/24:
2011 – шампион ФК Македонија ЃП; вицешамиони ФК Парк
2012 – шампион ФК Милано; вицешамиони ФК Скупи
2013 – шампион ФК Шкупи; вицешамиони АП Брера
2014 – шампион ФК Форца; вицешамиони ФК Бутел 2017
2015 – шампиони ФК Фер Плеј; вицешамиони ФК Кул
2016 – шампиони ФК Форца; вицешамиони ФК Партизан
Фудбалската школа ФК Форца – станаа ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА со две генерации. Генерацијата 2016-та во финалето со резултат од 4:0 ја совлада екипата на ФК Партизан, а генерацијата 2014-та во финалето ја победи екипата на ФК Бутел со резултат од 3:0.
Патем, треба да се истакне дека генерацијата 2014-та го игра своето трето финале по ред 2022/2023/2024, а од трите финалиња успееа да освојат две злата и едно сребро, и со тоа влегоа во аналите на детските лиги организирани од ФФМ како екипа, која последователно играла три финалиња.
Индивидуалните признанија од завршниот турнир ги понесоа:
Категорија | Најдобар стрелец на завршен турнир | Најдобар голман на завршен турнир |
2011 | Јован Јанчев (Македонија ЃП) | Михаил Јовановски (Македонија ЃП) |
2012 | Душан Петров (Кожуф) | Дашман Селами (Милано) |
2013 | Емир Османи / Еди Таири (Шкупи) | Аљкам Јашари (Шкупи) |
2014 | Марко Бојков (Тиквеш 1930) | Дамјан Станчевски (Форца) |
2015 | Стефан Стојановски (Кул) | Јустин Устијановски (Фер Плеј) |
2016 | Драган Галевски (Форца) | Матеј Стојковски (Форца) |
Уште еден голем успех за нашиот клуб. Горди и среќни сме што успеавме да го освоиме златниот меда и првото место на државното првенство со генерациите 2016 и 2014-та во конкуренција од повече од 100 екипи на ниво на цела држава. Успеавме и со уште две генерации (2015 и 2012) да бидеме во најдобрите 8 екипи кои за жал по нерешените резултати испаднаа на пенали.
Честитки до нашите дечиња за прикажаната игра нивната борбеност, упорност и дисциплина. Овој успех ни претставува мотив да продолжиме со нашата работа. За крај благодарност до сите кои дале придонес за овој успех“– ни изјави тренерот и сопственик на клубот Јорданчо Џипунов.
Фото: ФК Форца