Трик кој ќе ти помогне за неколку минути да ги запреш менструалните грчеви: Делува чудно, но функционира
Кога за време на ментруацијата имаш болки во стомакот, пробај го ова...
Наместо да пиеш апчиња, обиди се менструалните болки да ги отстраниш на начинот кој го препорачува оваа девојка. Потребно ти е само пенкало и нејзиното видео. Ако ги следиш нејзините упатства, за само неколку минути може да ти се смират грчевите.
Во морето бизарни трикови на социјалните мрежи, сега пронајдовме уште еден. Делува бизарно, но всушност не е глупост и навистина функционира. Ако си некој кој има болна менструација и со менструацијата редовно имаш грчеви во стомакот, тогаш ова е трикот кој следниот пат во таква ситуација мораш да го испробаш. Обично посегнуваме по таблети, но ако можеме да поминеме без нив, тогаш е уште подобро. Една девојка сподели видое во кое покажа дека за неколку минути можеш да се спасиш од болките ако само со пенкало или било каков сличен предмет измасираш една точна во своето уво.
Рефлексологијата е древна вештина за лекување, која се тмели на тоа дека одредени точки на стапалата или дланките (или во овој случај на увото) го подобруваат здравјето на некои други делови и органи на телото. Со масирање на една точка во увото се намалува болката во стомакот. Значи, не е измислено.
@chrissybriel Replying to @Ehsaas Grover Eventually - <3
Девојката во видеото користи пенкало за акупунктура, но ако немате, можете да користите какви било друго, тоа нема да ја намали ефикасноста на овој метод. Можете да користите обично пенкало, четка за шминка или дури и својот прст. Не притискајте премногу, советува дека притисокот треба да биде со среден интензитет. Треба да го правите истото на двете уши. Ако подоцна повторно добиете грчеви, повторете ја постапката. Ако го правите ова неколку пати на ден, грчевите ќе исчезнат дури и без таблети. Не е штетно на ниту еден начин и не ти требаат никакви посебни работи, па затоа нема ни причина да не го испробаш овој метод.
фото: Принтскрин / ТикТок