Трик со парфем кој го користи Џиџи Хадид: Како да мирисате поинаку од сите и секако поинтензивно?
Нејзината шминкерка ја откри тајната...
Шминкерката на Џиџи Хадид го откри нејзиниот трик заради кој секогаш мириса посебно, но ги откри и омилените парфеми на манекенката. Едниот е прилично скап, а другиот за жал повеќе не се произведува. Така, иако нема да можете да мирисата како неа, сепак можете да го искористите нејзиниот трик.
Сакате вашиот парфем да биде посебен и да не мирисате како секоја друга девојка. Сосема кул работа е кога луѓето ќе ве забележат и препознаат по вашиот парфем. За да успеете во ова, мора да најдете парфем што не го користат сите. Со цел секогаш да мириса посебно и како никој друг, Џиџи Хадид користи еден трик. Не го откри самат,а но затоа нејзината шминкерка Ерин Парсон го направи тоа наместо неа.
Кажа дека неодамна соработувала со Џиџи Хадид и дека мирисала многу добро, а кога ја прашала што носи, Џиџи ѝ признала дека го украла нејзиниот парфем. Но, кога таа го носи, мириса поинаку. Таа не става еден парфем, туку комбинира два. Во овој случај, парфемите што ги носи Џиџи се од „Burberry“ - „My Burberry Black“ и „Lily Aldridge Haven“.
@erinparsonsmakeup This is what #gigihadid smells like! The most amazing layering combo - My Burberry Black and Lily Aldridge Haven #perfume . #fragrance #perfumetiktok #fragrancetiktok #perfumereview #fragrancereview #lilyaldridge original sound - Erin Parsons
За жал, „Haven“ повеќе не се произведува, па никој не може да ѝ ја украде парфемската комбинација, но таа даде добра идеја. Дали сакате да мирисате посебно? Направете си свој коктел од парфеми. Џиџи поради оваа комбинација, истовремено мириса и цветно, но има и овошни ноти. Трикот е да пронајдете два парфеми кои одлично одат заедно. Нема друг избор освен да експериментирате и да видите која комбинација ќе биде најдобра за вас.
Ќе мирисате посебно, како никој друг, а бидејќи имате два парфеми, самиот мирис ќе биде поинтензивен. Мораме да ве предупредиме дека понекогаш ова може да тргне наопаку ако мешате парфеми кои не одат заедно. Наместо да мириса одлично, може да испадне катастрофално, но затоа е важно комбинациите да ги испробувате кога сте дома и кога не одите никаде. Не претерувајте со количината на парфем!
фото: Принтскрин / Инстаграм