„Убавица на мама“: Ќерката на актерката Катерина Шехтанска е полуматурантка

„Убавица на мама“: Ќерката на актерката Катерина Шехтанска е полуматурантка

Објавена во: Совети // Семејство


Клеоника, ќерката на актерката Катарина Шектанска е полуматурантка. Дека актерката се има посветено комплентно во нивното растење и воспитување има напоментато во неколку прилики.

Токму затоа денес може да каже дека е горда мајка на тинејџери кои чекорат по вистинскиот пат.

- Ме мотивира самата помисла дека имам семејство, деца кои допрва треба да ги изведеме на прав пат. Ме мотивира идејата дека живееме во едно ненормално општество, изопачен систем и вредности од каде треба дефинитивно да се најде излез (а очигледно не може) или да се најде виза за надвор. Ги мотивирам, ги учам, ги воспитувам да бидат успешни, да бидат пред сѐ  луѓе, да ги почитуваат основните вредности, на морал, на почитување, а со самото тоа  што треба нив да ги мотивирам, се мотивирам и јас самата. Денот ми е исполнет пред сѐ со нивните обврски. Јас освен оние во домот и семејството други немам (ми ги одзедоа усте многу поодамна). Ама сепак не се жаллам, се борам, мрчам, не молчам и гледам семејството да опстане покрај сите премрежја што се нудат на дневно ниво, а не па на подолги стази, изјави актерката во едно интервју за Женски магазин.

А како изгледаше убавицата на мама, погледнете во продолжение:


Фото: Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: