Учениците од Дрен во посета на Турција преку проектот „Сите сме различни, сите заедно сме Европа“!

Учениците од Дрен во посета на Турција преку проектот „Сите сме различни, сите заедно сме Европа“!

Објавена во: Совети // School zone

Веќе 3 години по ред, СЕПУГС Васил Антевски – Дрен заедно со четири партнер училишта од Турција, Шпанија, Португалија и Латвија, учествува во проект добиен преку Националаната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија, во рамките на програмата Ерасмус +.

Името на проектот е „Сите сме различни, сите заедно сме Европа“ (WE ARE DIFFERENT, WE ARE EUROPE ALL TOGETHER), а идејата на истиот е учениците да се запознаат со различните култури на партнер државите и да го продлабочат знаењета за истите. Крајната цел на овој проект е да се зголеми културолошката свесност кај младата популација. Официјален јазик на проектот е англискиот, но со цел унапредување на другите јазици се користат и јазиците од сите партнер држави.

Последна во низата активности на учениците и професорките од Дрен, беше онаа во Сивас, Турција. И овој пат тие биле сместени во семејства, каде што одблизу се запознаваат со турската традиција, обичаи, култура, како и секојдневните навики.

Учениците исто така се запознаа и со образовниот систем на Турција, со нивните методи кои ги применуваат во наставата. Преку слики и презентации учениците од СЕПУГС Васил Антевски – Дрен го промовираа Градот Скопје, својата земја и училиште, зборуваа за македонската литература, а за крај ги почестија сите присутни со македонска традиционална закуска.

„Би сакале да ги охрабриме сите училишта кои досега не учествувале во проектите на Ерасмус+ програмата да се потрудат и да земат учество во истите, бидејќи бенефитот од истите е голем и може да се почувствува и види само доколку директно се земе учество“ – истакнуваат од СЕПУГС Васил Антевски Дрен.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: