Удобноста пред сѐ: Антониа Гиговска во бременоста го негува спортскиот изглед (ФОТО)
Секоја прилика ја користи за да ги покаже модните комбинации кои ги носи во текот на бременоста...
Откако пред крајот на јануари ѝ откри на јавноста дека е бремена, младата пејачка Антониа Гиговска постојано е центарот на вниманието.
Нејзините обавателите сега постојано ги следат нејзините нови објави на социјалните мрежи, бидејќи само таму ќе имаат можност да ја видат, со оглед на тоа што пејачката одлучи повеќе да не настапува и да одмара додека не се оствари во улогата на мајка.
Она што многумина го забележааа е тоа што во текот на бременоста, Антониа сѐ почесто одбира спортски модни комбинации. Така, овој пат ги освои сите со оваа удобна комбинација, која лесно би можела да ѝ послужи како инспирација на секоја трудница, која сака да изгледа тренди.
Пејачката на себе носи црни панталони, бели патики, бел дуксер со црвен натпис и црно бела јакна. За оваа прилика, Антониа на себе стави минимална шминка, а целиот изглед го заокружи со црвениот кармин.
фото: Принтскрин / Инстаграм