„Umbrella“ - популарниот хит на Ријана требало да биде песна на друга пејачка: За која станува збор?

„Umbrella“ - популарниот хит на Ријана требало да биде песна на друга пејачка: За која станува збор?

Објавена во: Stars // Музика

Оваа песна скоро сите ја имаме слушано во сосема поинаква верзија...

Денес не можеме ни да замислиме Ријана да не ја пее „Umbrella“, бидејќи истата стана нејзина најпозната и најлегендарна песна. Вистина е дека прво ѝ била понудена на една друга пејачка, но таа ја одбила. Да не го направила тоа, работите би биле сосема поинакви.

Ријана, песната „Umbrella“ ја издаде уште во 2007 година и тоа е песната по која популарноста ѝ ескалираше. Иако со хитот „Pon de Replay“ вече зпаочна да ја освојува музичката сцена, ова е песната по која сите ја препознаваат и која стана легендарна. Меѓутоа, она што скоро никој не го знае е дека ситуацијата во потполност била поинаква. Песната за малку ќе ја снимела една друга голема дива - Мери Џеј Блиџ. Оваа песна првенствено ѝ била испратена на неа, но таа ја одбила. Во едно гостување, Мери раскажала зошто го направила овој чекор. Песната ѝ била понудена во време кога се одржувало големото доделување на музичките награди Греми. Тогаш била номинирана за дури 8 Греми награди и била надвор од контрола поради среќат. Токму тогаш ѝ било понудено да ја сними „Umbrella“, но со оглед на тоа дека била многу зафатена со сите други работи, ја одбила, бидејќи на прво слушање не звучела како некоја песна во нејзин стил.


Она што е уште поинтересно во врска со песната „Umbrella“ е дека авторите на текстот Д Дрим и Кристофер Трики Стјуарт песната ја напишале за Бритни Спирс, но тоа едноставно не се реализирало. Откако отпаднала Бритни, песната ѝ била испратена на Мери, а Ријана била трета среќа. На крајот сѐ завршило супер, барем за Ријана.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: