Уште еден успех на Били Ајлиш: Сними песна за новиот Бонд филм

Уште еден успех на Били Ајлиш: Сними песна за новиот Бонд филм

Објавена во: Музика, Филм

Кантавторката Били Ајлиш доби чест да напише и отпее песна за 25 - тото продолжение на франшизата Џејмс Бонд „No Time to Die“, пишува The Guardian. Едвај полнолетна, Били ќе стане најмладиот музичар кој некогаш произвел аудио запис за некој Бонд филм.

„Лудо е да се биде дел од овој проект во секој поглед. Голема е честа да се биде во состојба да се направи тематска песна за филм кој е дел од толку легендарен серијал. Џејмс Бонд е најдобрата франшиза која постои. И понатаму сум во шок“ - рече Били.

Били минатата година го објави својот прв албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“. На него работеше заедно со нејзиниот брат Finneas O'Connell. Двајцата отсекогаш сонувале да снимаат песна за некој Бонд филм.

Продуцентите на филмот Michel Wilson и Barbara Broccoli рекоа дека песната на Ајлиш е беспрекорно изведена и е во склоп со емоционалната приказна на филмот. Режисерот на филмот Cary Joji Fukunaga рече дека е голем фан на Ајлиш и нејзиниот брат.

„Нивната креативност и талент се неверојатни и не може да дочекаат публиката да слушне што подготвиле. Ова е нова перспектива чиј вокал ќе одекнува кај генерациите кои доаѓаат“ - рече Cary.

Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: